| четврток, 6 декември 2018 |

За СЈО доставата на доказите до клиентите е по добра волја, а не според Закон

Јас сум изненадена од ставот на колегите од СЈО дека мојот клиент не ги добил доказите поради техничка грешка и дека поради таа грешка од технички карактер затоа и не се чувствуваат одговорни, реагираше денеска адвокатот Тања Поповска – бранителот на Билјана Бришковска во случајот “Титаник”, на изјавата на специјалната обвинителка Лиле Стефановска.

– Значи СЈО воопшто не се чувствува виновно што се прекршени основните права на Билјана Бришковска, правото на одбрана каква што е предвидена во Законот за кривична постапка. Минатата година, во јули 2017 одбраната поднесе приговор за оваа наводна “грешка”, а СЈО дури сега пред неколку дена се досетило, за со допис да ја корегира истата и да ги достави доказите до мојот клиент. При тоа Обвинителството изјавува денеска тука пред Судскиот совет пред јавноста дека тоа го сториле по нивна добра волја? Знае ли СЈО дека сета нивна комуникација и комуникацијата на странките се одвива преку Судот?, праша Поповска.

– Мојот клиент Бришковска е по втор пат затечена од СЈО. Ова е втор пат, а првиот пат беше кога таа на прес конференција дозна дека се води постапка за неа, без да ја известат по писмен пат. Затоа изјавувам дека нејзиното право на фер одбрана е флагрантно повредено, рече адвокатот Тања Поповска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top