Велешани физички се пресметале во свињарска фарма на патото Велес-Штип. Според МВР влера, околу 20,30 часот на регионалниот пат Велес-Штип, на место викано „Штипска петла“, во дворот на свињарската фарма, по претходна вербална расправија, Ж.Л.(25) од Велес со нож физички го нападнал М.Д.(27) од Велес, при што му нанел телесни повреди во пределот на главата. При тоа П.Ч.(55) и Б.Ч.(31), го спречиле Ж.Л. да продолжи со нападот, по што истиот со секира им упатувал закани по животот. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, Ж.Л. бил приведен и задржан во СВР-Велес, додека М.Д. бил пренесен во Медицински центар Велес, од каде бил пуштен на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст