Во 2007 година Обединетите нации го прогласија втори април за Светски ден на аутизмот и целта е будење на јавната свест за постоење на аутизмот и негово рано дијагностицирање.
Во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, а поновите истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, ракот кај децата или од глувоста. Почесто се јавува кај момчињата отколку кај девојчињата, и тоа за четири пати.
Во последните години бројот на деца со аутизам е значително зголемен.
– Никогаш не треба да се потценуваат сомневањата на родителите кога сакаат да им укажат на педијатрите дека нешто не е во ред со нивното дете, ако им укажуваат дека детето не зборува, не се одѕива на името, не го насочува погледот кон луѓето или објектите – сметаат психијатрите.
Вистинските причини за појавата на аутизмот не се познати, но се смета дека аутизмот има генетска основа и сите истражувања сега се насочени во тој правец. Аутизмот претставува сериозно невроразвојно нарушување кое се јавува во текот на првите три години од животот на детето, не може да се излекува и поради тоа секогаш е подложен на разни шпекулации, особено затоа што не се знае вистинската причина за нарушувањето.
Во Македонија има околу 140 регистрирани деца од аутистичен спектар, но се претпоставува дека се многу повеќе. Се претпоставува дека во земјава има 12.000 луѓе кои страдаат од ова нарушување на невролошкиот развој, ако се земат предвид светските статистики дека еден човек на 166 има аутизам.
Недоволниот степен на знаење, едукација и соодветна обука за наставниците во училиштата за работа со децата со посебни потреби, го отежнува нивното вклучување во наставата. Дел од децата одат во специјални училишта, а дел воопшто не посетуваат настава.
Во саботата во паркот на Франкофонијата се оддржа работилница за печатење маички и школо за жонглирање, а учествуваа и деца со аутизам. децата се дружеа цртаа и боеја, а нивните дела беа изложени во паркот.
Млади уметници денес ќе изведат претстава на улица, а потоа ќе го исцртаат логото на кампањата за подигање на свеста за аутизмот на кејот спроти скејт паркот. Деца на ролерки и скејтови ќе делат налепници низ парк, плоштад, а ќе бидат поставени и постери. За завршниот настан предвидено е од повеќе делови да се состави банер со логото за поддршка на лицата со аутизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст