| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн ќе го откупи договорот на Хамес Родригез

Колумбиецот Хамес Родригез наскоро ќе стане играч на минхенски Баерн Минхен, откако Баварците решиле да го откупат неговито договор од Реал, пренесе „Марка“.

Најдобриот стрелец на Светското првенство во Бразил, во авуст минатата година се пресели во Минхен како позајмен играч, со можност Баерн по завршувањето на сезоната целосно да го откупи неговиот договор. 26-годишниот играч успеа да се вклопи во тимот на Баерн, во Бундеслигата настапи досега на 18 натпревари, на кои успеа да постигне пет гола и да забележи девет асистенции.

Поради тоа раководството на Баерн решило да го откупи неговиот договор. Трансферот на Хамес ќе изнесува 42 милиони евра, што значи дека Баерн ќе треба да му доплати на Реал уште 29 милиони евра, бидејќи минатото лето го позајмија на две сезони за 13 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top