| четврток, 6 декември 2018 |

Кумцакос: Има сериозни компликации во разговорите за името, преговарачите го потврдуваат ќор – сокакот

Нови критики до грчката Влада, дека не ги известила политичките партии за текот на разговорите за името, упати одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за грчкиот весник „Елефтерос типос“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој вели дека во разговорите само се потврдува ќор-сокакот.

– Од она што можеме да го знаеме, се покажува дека има сериозна компликација. Во суштина, посетата на Коѕијас на соседната земја, започна и заврши со слетувањето на аеродромот во Скопје. Покрај тоа, лошата и површна јавна изјава на премиерот од Брисел за конкретно име, го „заклучи“ ќор-сокакот што се покажа за време на посетата на Коѕијас, вели Кумуцакос во интервјуто за „Елефтерос типос“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top