Членот на комисијата на Агенцијата за млади и спорт Тихомир Јанчовски, на својот Фејсбук профил пишува дека комисијата не ги селектирала песните кои се влезени во скандалозната книга издадена од АМС. Тој вели дека во комисијата била составена од три члена, тој, Јовица Ивановски и Николина Шопова.
– Од нас се бараше да ги прочитаме песните што пристигнале на конкурсот и да одбереме три најдобри песни. Во комисијата бевме, Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и јас, Ни дадоа папки со песни, ги прочитавме, и некако, по долги консултации, одбравме песни што го освоија првото, второто и третото место, и толку – пишува Јанчовски.
Тој вели дека дури додека биле на врачување на наградените, тој дознал дека сите пристигнати песни ќе бидат објавени во книга.
– По ова, никој од АМС не ни се јавил, ниту не консултирал за содржината на книгата, и за тоа кои песни треба да влезат или да не влезат во неа. Не сме добиле ни имејл, ни писмо, ниту некој не барал по телефон во врска со тоа. Не сме правеле никаква селекција, ниту некој од нас барал некаков извештај – објаснува писателот.
Дополнително, тој пишува дека од Николина Шопова, пред три седмици било побарано да напише рецензија за книгата, но таа никогаш не ја добила книгата, па рецензијата која ја напишала била врз основа на општиот впечаток од сите песни.
– Откако изби скандалот, директорот на АМС ја префрла вината врз нас. Тоа е очекувано. Ако вината е до АМС, а тој е таму директор, ќе му речат да си даде оставка. Новинарите ги љубат скандалите и едвај чекаат такво нешто. Покажувал пред камери некакво решение. кое никој од нас никогаш не го видел, и на кое нема потпис на ниеден од нас. Песни имаше 70-80, објавени се 44. Значи, некој сепак направил селекција на тоа кои песни да влезат во книгата. Тоа не сме ние, членовите на комисијата за одредување на прво, второ и третото место – пишува Јанчовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст