| четврток, 6 декември 2018 |

По 28 години Тотенхем го освои „Стемфорд бриџ“

Тотенхем оствари убедлива победа од 1:3 на гостувањето кај Челзи во дербито на 32-то коло во Премиер лигата. Челзи поведе во 30-та минута со голот на Алваро Мората, но гостите успеаа да направат пресврт и да стигнат до победа. Ериксен во крајот на првиот дел изедначи на 1:1, а во второто полувреме Деле Али беше двоен стрелец за триумф на гостите од 1:3.

Тотенхем на „Стемфорд бриџ“ првпат славеше од 1990 година и по 25 одиграни натпревари. „Петлите“ со 64 поени сега се на четвртата позиција на табелата со дури осум повеќе во однос на петтопласираниот Челзи на седум кола до крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top