| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул со нов договор ќе се обиде да го задржи Емре Џан

Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да го задржи во своите редови играчот за врска Емре Џан. Германскиот интернационалец би можел да си замине како слободен агент од „Енфилд роуд“ на крајот од сезоната, но раководството на клубот се обидува да го убеди за продолжување на соработката. Италијанските медиуми најавија дека тој би можел да се пресели во Јувентус, но засега нема никаков договор.

– Ситуацијата е отворена. Ништо не е одлучено, разговараме со него, и засега се оди добро, освен тоа што се уште нема потпис на нов договор, објасни менаџерот Јирген Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top