| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со детали за сообраќајката на „Првомајска“: Удрил во постојка, две канделабри, се превртел и побегнал

Ноќеска околу 00.05 часот на булеварот “Борис Трајковски“ (поранешна улица Првомајска) во Скопје патничко моторно возило ,,Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, удрило во металната конструкција од автобуската постројка, како и во две метални канделабри, по што од ударот возилото се превртело, информираат од МВР во дневниот билтен.

Веднаш по незгодата возачот го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top