| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна дојава за бомба во бар во Скопје, се јавил во полиција и рекол дека ќе експлодира за половина час

Ноќеска околу 01 часот по полноќ во Полициската станица-Центар се јавило непознато машко лице и пријавило дека во бар на ул.„М.Т. Гологанов“ имало поставено бомба која ќе експлодира за половина час.

Полициски службеници излегле на лице место и извршиле евакуација на присутните лица во околните објекти. Извршени се проверки и утврдено е дека пријавата била лажна.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top