| четврток, 6 декември 2018 |

Во последните минути од мечот, Меси и Суарез ја спасија Барселона од пораз

Барселона на синоќешното гостување кај Севилја во натпреварот од 30. коло во Примера, беше пред првиот пораз во шпанското првенство. Тие до 88 минута имаа негатива од 2-0, но Лионел Меси и Луис Суарез му донесеоа реми и бод на каталонскиот клуб.

Домаќините со головите на Васкез и Муриел стигнаа до предност од 2-0. Севилја потоа имаше уште неколку шанси и двојното водство го задржа до 88. минута.

Меси на теренот влезе во 58. минута на местото на Дембеле, а играта на Барселона веднаш стана подобра. Во 88. минута Луис Суарез беше прецизен и намали на 2-1, а само една минута подоцна и Меси даде гол за конечни 2-2.

Барселона со 76 бодови е на врвот од табелата по 30 одиграни натпревари, додека второпласираниот Атлетико Мадрид има 64 бодови и натпревар помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top