| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна сообраќајка ноќеска на „Првомајска“: Со „мерцедес“ урдил во автобуска постојка, па се превртел на кров (фото)

Тешка сообраќајна несреќа ноќеска околу полноќ се случи во населбата Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“, поранешна Првомајска.

Според информациите на Курир, автомобил „Мерцедес“ со штипски регистерски ознаки, најверојатно прво удрил во автобуската постојка, по што продолжил да се движи во паркот зад неа удирајќи во бандера и на крај се превртел на кров.

Бројот на евентуално повредени лица не е познат, бидејќи според неофицијални информации во возилото немало никој.

На терен полициските екипи извршиле увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top