Некаде околу 22.00 часот, синоќа во казино лоцирано на бул. Партизански Одреди, вспроти трговскиот центар Лептокарија, се случила тешка кражба во казиното „Астра“, јавува „Инфомакс“. Според првичните информации, во казиното влегле две лица облечени во бели алишта со фантомки на главата, а и двајцата носеле автоматски пушки „Калашников“.
Кражбата се случила молскавично брзо, а во нападот, според засега непотврдени информации, едниот од напаѓачите испукал два куршуми во плафонот на казиното. Нападот, според приватното обезбедување траел 20-тина секунди.
Откако ги земале парите, влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец.
Од МВР за „Инфомакс“ го потврдиле настанот и информирале дека полицијата работи на расчистување на случајот, а на лице место веќе бил направен увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст