Јана Бурчевска, која во октомври минатата година стана мајка, ја покажа својата ќеркичка, малата Дона во јавноста. Пејачката која беше наша евровизиска претставничка објави фотка на Инстаграм од својата миленичка која неодамна наполни пет месеци, а во едно интервју истакна дека одлично се снаоѓа во улогата на мајка и е пресреќна.
– Наша Дона (но не како Дона на Калиопи – станува збор само за прекрасна случајност) се роди со првите пушки, на 11 октомври, како прав борец против фашизмот и цела е на тато! Породувањето помина одлично, како по книга, благодарение на стручниот тим на кој ја доверив бременоста. Бебето прв пат го видов веднаш по раѓањето и во моментот само помислив „бебе, животче“ што веројатно беше начин на воодушевување на начинот на кој природата не скроила нас жените. Како за сефте родители, се разбира дека бевме прилично смотани, најпрво. Но, помина доволно време, а и имавме стручна обука од баба и дедо, па сега одлично се снаоѓаме и сами. Најмногу ни помага Дона бидејќи е многу умна и ноќе спие дури и по 6 часа. Срце мајкино, изјавила Јана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст