| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов ќе го слави влезот на Хрватска во ЕУ

ivanov2

Претседателот на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во Загреб, каде ќе присуствува на свеченоста по повод пристапувањето на Република Хрватска кон Европската унија.

Централната прослава ќе се одржи вечерва на плоштадот „Бан Јелачиќ“, каде ќе се обратат претседателот и премиерот на Хрватска, Иво Јосиповиќ и Зоран Милановиќ.

Утре претседателот Иванов ќе учествува на работниот појадок, што за шефовите на делегациите го приредува претседателот Јосиповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top