| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Следниот состанок за името може да доведе до „голем чекор“

Следниот состанок меѓу Грција и Македонија може да доведе до „голем чекор“, изјави денеска министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по состанокот во Виена со македонскиот колега Никола Димитров и со медијаторот на ОН за спорот за името, Метју Нимиц.

-Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме. Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор, рече шефот на грчката дипломатија. Тој додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за идната соработка на двете држави, доколку, како што се надева, се реши прашањето за името.

Во однос на тоа дали е планирана следна средба, Коѕијас вели дека за „сите неопходни чекори постојат планови и договори“, без да открие кои се плановите за во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top