Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија господин господин Стефан официјално го покани бугарскиот патријарх Неофит да учествува во празнувањето на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија.
Поканата е упатена во писмо потпишано лично од архиепископот господин господин Стефан.
Во него се вели дека ако архиепископот Неофит не може да ја посети Македонија за празнувањето, да испрати свој претставник на соодветно ниво.
Поканата е упатена неколку дена откако бугарскиот патријарх Неофит нагласи дека „ако има покана од македонската страна, ќе присуствуваме“.
Светиот синод на МПЦ-ОА донесе одлука за одбележување на 1000-годишнината од ОА во храмот „Света Софија“ во Охрид на 28 мај.
Во ноември лани МПЦ-ОА побара од Бугарската православна црква да и биде црква мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст