| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна ситуација: Домар украл хероин од 40.000 евра од полициска станица и го продал за 2000 евра

Се уште е непознато како успеал триесет и четиригодишниот домар Иван Маленковиќ од полициската управа во Бор од метална каса во која се чуваат одземени наркотици да украде два килограми хероин со продажна вредност од 40.000 евра да ги продаде за само два илјади евра.

Во борската полиција од прексиноќа владее вонредна состојба, Се проверуваат документи, во тек се информативни разговори со вработените, а се чешла и распоредот на смените во сите сектори. Се истражува како исчезнала дрогата и кој се е вмешан во кражбата.

– Претпоставуваме дека Иван Маленковиќ не можел сам да украде два килограми хероин. Очигледно некој му го дал клучот од сефот. Тој работеше во возен парк, но и како домар. Имаше клучеви од канцелариите, но не и од сефот во кој се чуваат запленет наркотици, вели изворот на Курр.рс.

– Еден грам чист хероин на улица чини околу 20 евра. Дрогата која на улица чини 40.000 евра, тој ја продал за 2000 евра, што значи многу му се брзало. Веруваме дека имал помагачи.

Надлежните откриле дека недостасува хероин во сефот, па направиле попис на запленетите наркотици.

-Досега не недостасувал ниту грам марихуана, а камо ли скапа друга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top