Во апартманот за кучиња „Гиовски“ кај велешко Војница привремено е сместено кучето ротфајлер, кое пред четири месеци искаса пет деца во скопската населба Аеродром и уште три лица во населбата Гази Баба во Скопје.
Ова денеска на новинарите им го потврди Ристе Гиовски тренер-дресер на кучиња, сопственик на апартманот за куќиња. Тој го покажа кучето пред медиумите и информира дека по привременото сместување кај нив кучето-бездомник деновиве ќе оди за Италија.
– Кучето е во нормална состојба, социјализирано и не постои никаква опасност од него. Кучето за кратко време треба да оди за Италија, иако правевме напори да се вдоми во Македонија, но не успеавме да го вдомиме тука. Договорено е уште претходно да оди во Италија, но не знаеме дали ќе биде сместено во пансион или ќе биде вдомено. Сигурно може да потврдиме дека ќе оди во Италија, рече Гиовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.