Одбраната во случајот „Топлик“ на СЈО, каде обвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на денешното рочиште се жалеше до судскиот совет дека цд-ињата од аудиовизуелниот записник што ги добиле се прекинати на 20 минути и 20 секунди. Сите адвокати добиле од судот цд-иња на кои не е доснимено целото претходно рочиште.
Недостасуваат околу 15 минути, токму делот каде што судијата се произнесе дека ќе донесе формално правно решение во врска со барањето на одбраната да се изземе вештачењето од списите. Причина е затоа што ќерката на вештакот, Борис Тунџев, била вработена во СЈО. Поради ова адвокатите сметаат дека вештачењето било пристрасно. Кога би им се доставило формално правното решение одбраната би имала право на жалба, но судијата во меѓувреме ја менува одлуката и донесува обично решение.
-Дали се работи за грешка или нешто друго незнам. Сите цд-иња запираат на 20 минути и 20 секунди. По закон снимките треба да бидат целосни во Акмисот. Неможам да го споредам записникот со аудиовизуелниот запис, рече адвокатот Дончо Наков.
– Освен тоа приметивме дека записникот не соодвествува со она што беше кажано на претходното рочиште. Недостасува и изјаснувањето на јавното обвинителство, додаде адвокатката Сања Алексиќ.
Тунџев е сега директор на државниот Катастар. Според адвокатите на Јанакиески и другите обвинети, Тунџев немал лиценца кога го изготвувал вештачењето за продажбата на државно земјиште за изградба на Сончев град.
Од СЈО, пак, потврдија дека ќерката на вештакот Тунџев е вработена кај нив.
Дополнително судот ги одби и барањата на одбраната да се изземе еден од снимените разговори од листата на докази бидејќи е набавен на незаконит начин и јавно објавен.
Во „Топлик“ се обвинети шест лица, а првообвинет е поранешниот министер. Според обвинението на фирма и е незаконски овозможено да купи државно земјиште за изградба на комплесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст