| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во потрага, исчезнаа две малолетни сестри во Скопје

Триесет и четири годишната М.А. утринава во 4 часот и 30 минути во полициската станица Кисела Вода пријавила дека исчезнале нејзините ќерки.

Според пријавата на мајката нејзините малолетни ќерки на возраст од 13 и 14 години, вчера околу 7 часот излегле од домот и се одалечиле во непознат правец.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top