| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Африка: Ивица Дачиќ се отрул од козји гулаш!

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за време на африканската дипломатска тура доживеал вистинска драма кога му се слошило најверојатно поради локален специјалитет. На министерот Дачиќ, како што се дознава, му било лошо од козји гулаш, кој е специјалитет во Буркина Фасо, но кога примил инфузија, неговата состојба се подобрила.

Изворите откриваат дека Дачиќ иако е со општа добра здравствена сосотојба, ваквите ситуации не се пријатни, посебно ако се наоѓате во непристапни и егзотични земји.

-Тој често патува по африканските земји бидејќи тоа е дел од стратегијата за намалување на бројот на земји кои го признале Косово. Веројатно му опаднал имунитетот, неодамна имаше јак вирус, дури два дена помина и дома. На ваквите патувања се води сметка што се јаде, но промената на клима, временските разлики, па и водата можат да предизвикаат повраќање и дијареја. Добро е што по брзата интервенција на лекарите на министерот му беше многу подобро – открива изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top