Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска ги разреши министерот за внатрешни работи Фламур Сефај и директорот на разузнавачката служба Дритон Гаши. Разрешувањето уследи по вчерашното апсење и екстрадиција во Турција на шест турски државјани, осомничени како ѓуленисти.
Во Косово вчера беа приведени и екстрадирани шест турски граѓани под обвинение дека се поврзани со училишта финансирани од движењето на Фетулах Ѓулен, кој за Анкара е организатор на неуспешниот државен удар во јули 2016 година.
Премиерот Харадинај во првата реакција по апсењето на шестте турски државјани и нивното протерување во Турција, изјави дека за акцијата не била известена ниту една институција во Приштина.
Одлуката за смената на министерот за внатрешни работи и директорот на разузнавачката служба е донесена синоќа на итниот состанок, на кој покрај Харадинај присуствуваа и косовскиот претседател Хашим Тачи и шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли.
Дел од балканските држави се под притисок на Турција да затвораат приватни училишта поврзани со муслиманскиот проповедник Ѓулен, кој живее во САД. Тој отфрла каква било врска со пучот во 2016 година во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст