| четврток, 6 декември 2018 |

Клепетан повторно е со Малена: Продолжи најголемата љубов во животниското царство

Една од најубавите љубовни приказни од животнинскиот свет, доби свое продолжение. После седум месеци престој во топлите африкански краишта, Клепетан уште еднаш и се врати на својата љубов, штркот Малена со скршено крило, во љубовното гнездо на кровот на училиштето во Бродски Варош.

Бил изморен после 13.000 километри долгиот лет од јужна Африка. Штркот обично се враќал меѓу 24 и 28 март, но последните години обично доцнел, а минатата година доцнел дури две недели.

Училишниот домар во пензија Стјепан Вокиќ, кој повеќе од 20 години се грижи за Малена, го очекувал дури наредната година.

-Мислев дека ќе дојде после недела, поради лошото време. Но подобро е што испадна вака. Малена беше уште во гаражата, не навикнала да излегува по вака студено време. Синоќа до 22 часот беше надвор, па ја симнав. Клепетан, кутриот, дојде горе во гнездото, па кога виде дека ја нема, се симна на игралиштето и почна да собира гранки. Беше целиот валкан и црн. Кога ја изнесов Малена, веднаш почнаа да се галат-рекол Вокиќ.

Синот на Клепетан, кој претходните две години исто така се враќал, овојпат не дошол. Вокиќ го очекува секој ден. Идните месеци Вокиќ го чекаат постојани одења по риба на 20 километри одалечените рибници. Тие заминувања ќе станат поинтензивни кога на свет ќе дојде уште една гарнитура на потомци на  заљубен пар.

Иако знае дека и онака тенкиот куќен буџет сега ќе биде оптоварен со дополнителни издатоци, не му е жал, бидејќи Малена и Клепетан ги сака како свои деца. Тројцата се толку долго заедно, што станале зависни едни од други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top