| четврток, 6 декември 2018 |

За влакно ја избегна смртта: Полицаец тргна кон возилото пред него, едвај спаси жива глава (видео)

На патот прекриен со снег, полицискиот службеник Кеј Бренчил излегол од својот автомобил и тргнал кон возилото пред него.

Во тој момент, со полна брзина налетал автомобил чиј возач изгубил контрола на лизгавата подлога. Полицаецот бил удрен и фрлен во воздухот, а за среќа го преживеал ударот и поминал со скршено рамо и неколку ребра.

– Се сеќавам само како излегов од својот автомобил, после тоа завладеа црнило. Се стана црно, изјавил Бренчил, кој откако ја видел снимката останал зачуден како воопшто успеал да преживее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top