| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од Кисела Вода денеска без вода

Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од крак 1 до крак 11, од булеварот „Борис Трајковски“ од крак 2 до крак 10, сервисна зона Југ и Цементарница Усје. Можно е намалување на притисокот во населбата Кисела Вода и високата зона Аеродром.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради уличен дефект на улицата „Христо Татарчев“ без број во општина Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top