При враќање на парите за радиодифузна такса на граѓаните, Управата за јавни приходи им наплаќала на граѓаните 300 денари за образец што треба да го пополнат за да им бидат вратени 290 денари, алармираше денеска народниот правобранител, Иџет Мемети презентирајќи го годишниот извештај.
Според него Управата за јавни приходи постапувала спротивно на човековите права.
-Ова е парадоксално постапување на УЈП, рече Мемети.
Од минатогодишната работа, според Мемети, произлегуваат неколку исклучително важни констатации:„Селективната правда е се поприсутна, партизираната и непрофесионална јавна админситрација на централно, а особено на локално ниво е сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, популистичките и неприменливите правни прописи дополнително го отежнуваат остварувањето на правата на граѓаните, лошиот систем на извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани, социјалната заштита останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик, имаме појава на дискриминација по сите основи, неефикасно судство и обвинителство, но и полиција која со примена на сила ги надминува своите овластувања, останувајќи неказнета“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


