| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица повредени во сообраќајка на излезот од Охрид

Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи утрово во 8:30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на манастирот „Св.Еразмо“.

До несреќата дошло откако две патнички возила кои доаѓале од спротивна насока, се судриле. Две од повредените лица се стружани, а едно од Охрид. Со возило на Итна медицинска помош се пренесени во болница каде се задржани на лекување.

Полицијата изврши увид за време на кој сообраќајот се одвиваше со наизменично пропуштање на моторните возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top