Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре го прокоментира интересот на голем број европски гиганти за Србинот Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој сезонаве е еден од најдобрите фудбалери на тимот.
СМС, како што е познат Милинковиќ – Савиќ во италијанските медиуми, е поврзуван за преминување во Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но од „Олимпико“ имаат огромни финансиски претензии за 23-годишниот играч од средниот ред.
– Дури не сакам ни да размислувам за неговата цена, изјавил Таре, со што навести дека Римјаните немаат намери да се разделат со Милинковиќ-Савиќ.
– Во секој случај, Сергеј не чини помалку од 80-90 милиони евра. Тој е исклучително важен за нас и се уште не го достигнал максимумот во Лацио. Затоа не разгледуваме понуди за него, додаде поранешниот напаѓач.
Србинот игра на „Олимпико“ од 2015 година, кога беше купен од белгиски Генк. Пред тоа, СМС го носеше дресот на Војводина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст