| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Нема да се мешаме за случајот со малиот Алмир

Не треба да дозволиме случајот со малиот Алмир да биде причина за политичка, етничка или било каква друга поделба во државата, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската сала каде одговара на прашања од пратениците.

Истакна дека Владата останува на ставот дека судските одлуки се независни и оти не сака да се меша во таквите одлуки, но додаде дека во овој случај и во слични на него, најважно е да има транспарентни и јасни одлуки.

– Многу е важно со јавноста да се споделат сите детали. Сите инволвирани страни мора да бидат јасни, гласни и внимателни бидејќи болката е голема кај сите и веруваме дека за сите случаи во Македонија, посебно за вакви случаи, мора да има трансперетни и јасни одлуки кои нема да доведат до недоумие и делеми, нагласи Заев.

Денешната седница за пратенички прашања се одржува без присуство на опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top