| четврток, 6 декември 2018 |

Важеше за еден од најталентираните во Барселона, а сега не смее да се појави ниту на тренингот на Стоук

Поранешниот фудбалер на Барселона кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти во редовите на „каталонците“, Ибрахим Афелај, веројатно ги проживува најтешките моменти во својата кариера.

Англиските медиумите денеска објавија дека тренерот на Стоук го избркал Афелај од екипата и му забранил во иднина да се појавува во тренинг центарот на тимот. Тие пишуваат дека Ламберт смета дека Афелај лошо влијае на остатокот од екипата и дека поради тоа е подобр да го нема до крајот на сезоната. Како што јавуваат медиумите на островот, Ламберт воопшто не бил задоволен од тоа колку Холанѓанецот се залагал на тренинзите.

Афелај последните три сезони е член на Стоук, но на „Британија“ доби многу малку шанса за игра, особено оваа сезона. Одигра само шест меча во Премиерлига во тековната сезона, па јасно е деке тренерот Пол Ламбер не смета на неговите услуги во борбата за опстанок која го очекува тимот до крајот на сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top