| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден несфатен: Гинекологот-директор на Институтот за туберкулоза објасни што сакал да каже

Директорот на Институтот за туберкулоза, кој е гинеколог се дообјаснува, а Филипче ќе испитува дали пациентите се погрешно лекувани

Излегуваат на виделина фаталните последици од катастрофалните кадровски решенија во здравството. Дека е целосно несоодветно кадровското решение на чело на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, гинекологот-акушер Предраг Божичковиќ, лекар од  приватна здравствена установа од  Куманово, се предупредуваше минатата година.

Непознавањето на проблематиката  во дејноста во  установата со која директорува се покажа на прес-конференцијата одржана по повод Светскот ден на туберкулозата – 24 март. Тој изнесе податоци кои ја оставија без текст целата јавност.

Директорот на Институтот рече дека во институцијата се лекуваат 21 лице од 6 месеци до една година без поставена дијагноза на туберкулоза.

 -По изјавата формирав комисија стручњаци на пулмологија кои ја испитуваат работата и досиејата на сите пациенти и веднаш кога ќе имаме разултаи, ќе излеземе во јавноста, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 е се топчни ниту податоците што ги изнесе директорот Божичковиќ за бројот на болни од туберколоза. Според официјалните податоци бројот се намалува – ако во 2007 година имало 563 лица или стапка на заболени 27,8 проценти, во 2017 година имало  220 или 10, 6 проценти. Според истите податоци, а имајќи ги предвид милениумските цели на Обединетите нации земји со стапка под 10 спаѓаат во држави со ниска стапка на бројка на заболени. Оттука Македонија е на чекор до високоразвиените земји.

 Институтот располага со најсовремена дијагностика за откривање на оваа болест, така што изјавит на Божиќковиќ дека лекарите се неедуцирани за лекување на туберкулоза затоа што Институтот нема катедра и дека професори од Институтот предаваат туберкулоза на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, паѓаат во вода.

 Сега по првичната изјава директорот Божичковиќ се дообјаснува што сакал да каже.

 -Матичните лекари не може да дијагностицираат затоа што немаат апаратура и лабораторија за тоа. Не може тие да дијагностицираат, ама треба да препознаат дали е ТБЦ. Пациентите оделе поради тегоби, кашлање, температура и ќе им кажат настинка и ќе им напишат друга терапија, никој не се посомневал на ТБЦ и кога ќе им се влоши здравствената состојба доаѓаат кај нас, затоа што Институтот е единствена референтна установа ние дијагностицираме, изјави Боживковиќ, кој на функцијата директор на Институтот за белодробни заболувања е дојден како партиско решение, а не како квалитетен и соодветен кадар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top