| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено: Заедно се!

Минатата недела отпочнаа гласини дека парот навистина е виден заедно и дека за нивното смирување е “виновен” актерот Џорџ Клуни.

Ваквата гласина се потврди со фотографија која ја објави американскиот таблоид “Star” на насловната страница.

Американските медиуми пренесуваат дека Џенифер испратила шофер по Пит и Клуни по забавата по повод доделувањето на Оскарите, со цел да дојдат во нејзиниот дом.

-Вечерта ја поминале мирно, разговарајќи за некогашните денови. Сè било како некогаш, само поубаво и подобро. Иако не се каат поради браковите, тие се потсетиле дека им е убаво кога се заедно, тврди извор близок до парот.

Портпаролот на Џорџ Клуни ги демантирал пишувањата на ова списание кое наведува дека тие двајца се пресреќни бидејќи тој повторно ги споил.

-Џен не сака јавноста да знае за смирувањето бидејќи таа неодамна се разведе, додава истиот извор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top