
Судскиот вештак Бранислав Стефановски кој го направи невропсихијатриското вештачење за обвинетиот Бобан Илиќ во случајот Алмир, немал важечка лиценца за вештачење во моментот кога бил ангажиран за овој случај. На Стефановски кој по барање на кумановското обвинителство бил ангажиран како невропсихијатриски судски вештак од Клиниката за психијатрија во Скопје, во мај 2016 му истекла лиценцата. Документите што ги обезбеди Алсат М потврдуваат дека неговата лиценца била истечена пред да се случи убиството на Алмир во Куманово на 25 јуни 2016 година. Според законот Законот за вештачење, член 19 точка 5, барање за продолжување на лиценцата треба да се поднесе два месеци пред истекот на нејзината важност. Обвинителката во случајот, Сузана Кусигерска обвинението за убиството на Алмир го состави на 19 декември 2016, а барањето за вештачење била поднесено претходно на 21 септември истата година. Иако барањето било поднесено пред да се состави обвинението, извештајот од вештачењето беше земен како доказ во процесот по покренување на обвинението, односно две рочишта по воведните зборови. Фактот дека Стефановски немал лиценца додека бил ангажиран како невропсихијатриски вештак го потврдува и неговото барање доставено на 10 ноември 2017 во Министерството за правда да му се продолжи лиценцата. Ова значи дека Стефановски од јуни 2016 до ноември 2017 година немал важечка лиценца. Тоа е период кој се поклопува со времето кога било извршено вештачењето за Бобан Илиќ и со времето кога беше покренато обвинение. Стефановски барање за продолжување на лиценцата до Министерството за правда доставил и оваа година, односно на 12 февруари. Претходно, Министерството за правда на 6 февруари заклучило дека Стефановски не доставил барање за продолжување два месеци прет истекот и затоа немале основа да му ја продолжат лиценцата. Поради тоа, но и поради фактот дека Стефановски со тоа што не ја продолжил лиценцата го прекршил Законот за вештачење и претходно врз основа на информацијата потврдена од Комората на судски вештаци дека Стефановски не платил членарина за 2014 година, Министерството за правда заклучило дека треба да му ја одземе лиценцата на три години. Со тоа законски му било забрането во наредните три години да ја врши функцијата невропсихијатриски вештак.
Министерство за правда:
„За одземање на лиценцата за вештачење, министерот за правда носи одлука врз основа на член 26 од Зконот за судски вештачења, вештакот да го избрише од регистарот на судски вештаци.“
Од кумановското обвинителство велат дека тие не се одговорни и покрај тоа што како орган на обвинителството побарало помош за невропсихијатриско вештачење. Оттаму велат дека тие испратиле барање во Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје, а не до вештакот Бранислав Стефановски.
Основно обвинителство во Куманово:
„Барањето за вештачење беше доставено до Универзитетската Клиника за психијатрија во Скопје, а не до вештакот Бранислав Стефановски како физичко лице, по што самата институција во конкретниот случај одредила кои судски вештаци ќе го направат вештачењето.“
Ист одговор имаат и од Основниот суд во Куманово:
„Судот не издал наредба за вештачење од страна на судски невропсихијатриски вештак и нема никаков податок поврзан со лиценцата, со тоа што и во текот на постапката не е оспорено нејзиното постоење.“
Законот за судски вештачења е јасен. Вештачење може да направи лице кое освен образовно ниво, поседува и лиценца. Законски, без лиценца нема право ниедна институција да ангажира невропсихијатриски вештак или вештак во било кое друго поле. Во невропсихијатриското вештачење на обвинетиот Бобан Илиќ е заклучено дека тој за време на извршување на делото бил во афект поради страв, но свесен за неговите постапки.
Токму врз основа на ваквата констатација Обвинителството во Куманово предложи преквалификација на делото. Сега по откривањето на случајот дека Бранислав Стефановски немал лиценца, останува да се види дали обвинението ќе остане исто и дали одбраната при завршните зборови ќе бара ново вештачење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


