Православните верници денеска е Светиот маченик Агапиј,симбол на чиста и вистинска љубов.
Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а сè уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода, но се крстија со крв. Еден ден овие седуммина момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи ги како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите себеси си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“ Залудни беа ласкањата и заканите на Урбан. На овие момчиња им се придружи и угледниот граѓанин Агапиј, кој дотогаш доста страдаше за Христа и почна уште повеќе да ја распалува кај нив верата и љубовта кон Господа. Беа сите убиени со меч во 303 година, кога заминаа во Небесното Царство на Господ Христос.
Агапиј денес се смета како пример за учител со искрена емоција и љубов, на кои денешните верници треба да се угледуваат.
На денешен ден, според народните верувања треба да се појде во црква и да се помолите на Светиот Агапиј за да ви помогне да ја спознете вистинската љубов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


