Постои посветеност и дискусиите се интензивираат што е добро. Со нетрпение ги очекуваме двата состанока оваа недела, изјави амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар при денешниот престој во Прилеп, одговарајќи на прашањето како ги оценува последните разговори и средби меѓу Македонија и Грција за решавање на прашањето за името.
– Добро е што дискусиите продолжуваат и дека се интензивираат. Гледаме дека од двете страни постои посветеност за изнаоѓање решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Ние со нетрпение ги очекуваме состаноците кои ќе бидат оваа недела. Како Европска унија одблиску го следиме ова прашање и, се разбира, процесот го поддржуваме од страна, изјави Жбогар.
Што се однесува до најновата ситуација околу настаните во Собранието од 27 април, Жбогар рече дека не ги коментира судските процедури и остава судовите да си ја завршат работата. Жбогар нема ништо повеќе да додаде од она што порано го кажал околу прашањето за Законот за употребата на јазиците
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст