| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаец претепан пред македонското МНР

Во 01 часот и 30 минути пред Министерство за надворешни работи во Скопје, од страна на непознато лице физички бил нападнат полициски службеник кој вршел внатрешно обезбедување на објектот.

Имено, полицискиот службеник слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал.

Во врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје, Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top