Стајлингот на војвотката од Кемриџ и Бијонсе драстично се разликува, но со оглед на тоа дека музичката дива ја открила магијата на дизајнерката, за која е малку да се каже дека Кејт ја обожува, решила да ја превземе за себе!Познатиот англиски бренд принцезата ја снабдува исклучиво со конзервативни, но секако модерни парчиња облека, кои во изведба на Бијонсе изгледаат целосно поинаку.
Бидејќи успеала да биде една од познатите дами кои го промовираат брендот, Бијонсе на креациите со задоволство става сопствен печат во вид на металик ланчиња, многу нараквици, впечатливи чевли, како и многу подраматична шминка која по правилата на кралското семејство, Кејт Мидлтон никогаш не ги носи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.