Сложено име со географска одредница, на македонски, по можност без превод, за внатрешна, надворешна, меѓународна и билатерална употреба, па дури и со земјите што веќе ја имаат признато Македонија под уставното име, се позициите на поранешниот грчки министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Евангелос Венизелос.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на презентацијата на книгата „Македонското прашање“, Венизелос рече дека решението не треба да биде делумно или привремено, туку целосно и еднократно решение.
– Решението треба да е со сложено име со географска одредница на словенски, по можност непреведено, што нема да остава празнини и недоразбирања во формулацијата и главно, ќе биде, ерга омнес. Односно ќе биде едно и за внатрешна и за надворешна употреба, без постоечката разлика меѓу внатрешното уставно име и меѓународното име за употреба во меѓународните организации. Кога зборуваме за надворешна употреба, мислиме на име за сите употреби и во меѓународните организации и билатерално со Грција и билатерално со сите земји кои ја имаат признаено земјата под уставното име, а ќе треба да изјават дека ја признаваат со новото договорено име. Потоа ќе се решат сите технички проблеми што се однесуваат на јазикот, производите, националноста итн, вели Венизелос.
Тој говореше и за правната рамка на решението. Се запраша „дали решението ќе се заснова на меѓународното право или на ревизија на македонскиот Устав?“. Смета дека се потребни правни и политички гаранции.
Од правна страна решението да биде запечатено со меѓународен договор, а политичка гаранција за Грција би била промена на македонскиот Устав, но изгласана со зголемено мнозинство во Собранието.
Венизелос, кој е и професор по уставно право, објаснува дека меѓународна гаранција е меѓународен договор „што ќе ги обврзува страните, независно од внатрешните политички промени, посебно ако овој договор е поддржан од Советот за безбедност“.
Во однос на политичките гаранции, рече дека ако сега во Скопје не се направат уставни промени со зголемено мнозинство, тогаш може во иднина некоја друга влада да направи нова ревизија или да го врати по старо Уставот.
– Правната основа е меѓународен договор и одлука на Советот за безбедност, но доказ за вистинско прифаќање на договорот и доказ за способноста за долгорочно спроведување на договорот е да се собере зголемено мнозинство со учество и на опозициските партии во Скопје, па со ревизија на Уставот, и тие, внатрешно да обезбедат дека нема да се создадат непремостливи проблеми во нивната внатрешност со одраз врз регионалната стабилност и секако врз спроведувањето на меѓународното право и меѓународниот мир. Од оваа причина потребна е ревизија на Уставот, објасни поранешниот министер за надворешни работи на Грција, кој воедно беше и претседател на ПАСОК.
На презентацијата на книгата, Венизелос рече дека еден од важните проблеми во овој момент е и реакцијата на голем дел на грчкото општество и грчкото јавно мислење. Додаде дека одржаните протести во Солун и Атина, не се продолжение на демонстрациите од 1992, туку реакција на начинот на политиката во периодот на кризата во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст