На 2 април, во 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ќе биде отворена најновата изложба на Филип Фидановски.
Изложбата е со наслов „Причина“. Делата за оваа изложба се направени во 2017 година и дел во 2018. Дeлата се изработени во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно… Најновата изложба на Фидановски не е изложба што досега сме навикнале да ја гледаме. Станува збор за нов израз на авторот, овој пат ангажирана уметност. Политиката и политичарите асоцијативно, а некои и експлицитно ставени во контекст на едно гледање на моменталните општествени прилики и неприлики во Македонија. За политичарите минати, сегашни и идни, за аномалиите во културата и општеството. За лажните вредности што ни се наметнуваат од проектот Скопје 2014. За слободата, која ја нема повеќе. По малку сатирична и повеќе реална изразност на авторот во своите дела. Но многу трагична, бидејќи е исто така многу вистинита реалноста симболички прикажана во делата на Фидановски. На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст