| четврток, 6 декември 2018 |

Јаховиќ удри по селекторот Ангеловски: Да беше паметен, ќе немаше проблем со реализацијата (фото)

По синоќешното реми кое репрезентацијата на Македонија го одигра со Азербеџан (1-1), македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ кој игра во фантастична форма во Турција имаше порака до селекторот Игор Ангеловски кој се откажа од него.

Јаховиќ ја искористи неефикасноста на Македонија на последните две пријателски средби и не пропушти да го каже своето мислење на социјалните мрежи.

– Еее таа реализација, само еден ќе ти го решеше проблемот да беше паметен. 16 гола и 5 асистенции, односно 39 гола и 12 асистенции, напиша Јаховиќ на Фејсбук како коментар на изјавата на селекторот дека пристапот на репрезентативците бил добар, а проблем според него била само реализацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top