| четврток, 6 декември 2018 |

Верниците денеска го слават светителот кој е симбол на правата љубов – еве што треба да направите!

Денеска е Преподобен маченик Агапиј.

Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан. Овој постојано ги изнесуваше христијаните пред суд, ги мачеше и ги убиваше. Згрозени од таквата глетка, неколку локални момчиња: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александовци и двајца Дионисиевци, самите си ги врзаа рацете и излегоа пред Урбан како христијани. Свети Агапиј, поттикнат од верата на овие момчиња, и самиот застана со нив и заедно со нив беше погубен. Ова се случи во 303 година.

За да ја спознаете вистинската љубов, важно е денеска да одите во црква и да му се помолите на Свети Агапиј!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top