Струмичкиот театар „Антон Панов“ Меѓународниот ден на театарот ќе го одбележи со изведба на претставата „Царот Владислав“.
Влезот за сите љубители на театарската уметност е бесплатен, а пред почетокот ќе биде прочитана пораката по повод Денот на театарот, која во Македонија годинава ја напиша актерот Сашко Коцев.
По повод Меѓународниот ден на театарот, директорот на НЦУК „Антон Панов“, Ванчо Ристов Патриков ги соопшти работните планови за оваа година.
– Почнуваме со првиот проект за оваа сезона – претставата „Забрането смеење“ од хрватскиот автор Миро Гавран, во режија на Иван Ивковиќ. Покрај тоа, сакам да истакнам дека лани одигравме осумдестина претстави, кои ги видоа над 15 илјади гледачи, истакна директорот на НУЦК „Антон Панов“, Ванчо Ристов Патриков.
Раководителот на театарот, Драган Маџиров истакна дека годинава ансамблот ќе реализира повеќе гостувања во земјава и странство. Како мошне значајно го издвои гостувањето во градот Архангелск во Русија, каде струмичкиот театар ќе се претстави со „Идиот“ од Достоевски во режија на ГоранТренчовски, како и на фестивали во Бугарија во Софија и Враца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст