| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на патот Гостивар – Тетово – повредени жена и дете

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Гостивар – Тетово , повредените итно биле згрижени во тетовската болница.

– Вчера околу 23 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на наплатната станица Тетово, И.А. (59) од Тетово управувајќи патничко возило „Фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки, изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош. А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување, стои во соопштението на МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.


Фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top