Македонската влада одбива да одговори дали ќе соработува во истрагата која ја отворија британските власти за илегалните активности на компанијата „Кембриџ аналитика“, која имала своја мрежа и во Македонија.
Портпаролот Миле Бошњаковски, 24 часа избегнуваше да одговори на прашањето дали Владата ќе соработува во истрагата за „Кембриџ аналитика“ доколку од нив биде побарана асистенција од Британците во однос на министерот Едмонд Адеми, кој е дел од скандалот.
Пред 24 часа, редакцијата на „Република“ упати прашање до Бошњаковски, во кое баравме информации за темата.
Во меѓувреме, истражувачката новинарка Венди Сигелман, која за платформата Медиум ја откри мрежата на „Кембриџ аналитика“ во Македонија, во меил ни објасни дека од мрежата ќе го тргне Едмонд Адеми, затоа што за него, за разлика од Никола Спасов, не може да обезбеди информации дали бил дел од мрежата која учествувала во крадење на лични податоци од Фејсбук и нивна обработка.
Освен до „Република“, меилот беше пратен и до Владата на Република Македонија, но и до уште една новинарка од Македонија.
Бошњаковски, наместо да ни одговори на прашањето кое му го поставивме вчера, утрово само ни прати преведена верзија на меилот од новинарката од Венди Сигелман, без притоа да ни одговори дали доколку Велика Британија отвори истрага, владата ќе соработува.
Бошњаковски ни кажа дека Владата е транспарентна, но не ни откри дали таа ќе соработува во истрагата на британските власти. За ова прашање, од него налетавме на молк.
Како што може читателите на Република и сами да видат, во одговорите на Бошњаковски нигде нема одговор на прашањето. Туку само се препраќа став на новинарка од Америка.
Новинарите може да пишуваат, но не може да поднесуваат обвиненија и да застапуваат пред суд.
Во исто време, британскиот Канал 4 објави дека е можно во Македонија да се одвивале нелегални активности на „Кембриџ аналитика“.
Скандал „Кембриџ Аналитика“: Дали компанијата тајно прибирала материјали во Македонија? (видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст