Нов Зеланд е голем производител на овошје, особено на јаболка. Меѓутоа, оваа далечна земја секоја година се соочува со недостаток на сезонски работници, па се претпоставува дека истото ќе се случи и оваа година. Компаниите истакнуваат дека се работи напорно, по потреба и подолго од осум часа дневно, па така собирачите се плаќаат по учинок, а дневно може да се заработи до 160 евра.
Според информациите во неколку странски портали, се шпекулира дека на Нов Зеланд оваа година ќе му недостигаат неколку илјади сезонски работници кои шест дена неделно во две смени ќе собираат и пакуваат јаболка и киви. Во зависност од регионот каде се наоѓаат овоштарниците, бербата започнува од март, а трае до средината на мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


