| четврток, 6 декември 2018 |

Воскопулос до македонските новинари: Не дозволувајте им на грчките политичари да ни продаваат пуфки

Македонските новинари кои разговараат со грчки политичари да не го употребуваат само терминот „Македонија“ без префикс „Република“, предупредува македонскиот борец за човекови права од Лерин, Павлос Воскопулос Филипов.

Тој ја анализира изјавата на Ципрас, кој во одговор на прашање за името, на македонската дописничка на МИА од Брисел ѝ рекол: „Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или која било друга опција“.

Воскопулос потенцира дека македонските новинари треба да го користат целосното име на нашата држава – Republic of Macedonia, бидејќи со користењето само на терминот „Македонија“, „му се дава право на кој било Грк политичар да продава пуфки дека има регион во Грција со името Македонија и слично.

„Префиксот “Republic of” тотално разликува од било кој регион во северна Грција, а при било кој грчки аргумент за демек конфузија, можиш драг Македонец новинар да тргнуваш дури и со овој аргумент, дека нема ни 1 квадратен сантиметар земја на северна Грција што употребува префикс “Republic of” пред терминот “Македонија“, пишува Воскопулос во својот фејсбук статус.

Според него, Ципрас и другите не сакаат реално и здраво решение.

„Делуваат антиевропски и секако во слуга (според мене на руските интереси) да има отворени „рани“ на Балканот. Токму Ципрас потврдува на овој прес што потенцира на пресот дека „..на Грција не ѝ се брза и не ѝ гори под нозете да се најде решение за името“, заклучува Воскопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top