| четврток, 6 декември 2018 |

Турски театар за Светскиот ден на театарот гостува во Штип со „Среќна нова година“

НУ Турски Театар по повод Светскиот ден на Театарот – 27ми март ќе гостува во Штип  сo претставата

“СРЕЌНА НОВА ГОДИНА” по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс во режија на Бојан ТРИФУНОВСКИ

Претставата ќе биде изведена во 20.00 часот, со титл на македонски јазик.

-Уметник кој истражува ЗОШТО светот САКА да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална  соба има пијано и во неа тој комуницира со своите претци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 за 12, пред нова година, 10 масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и само-соочување. Човек на човека му е волк, лошо маскиран во ефтин зајачки костим. Лабораторија за самоспознание и за обид да се дефинира процесот на елиминација на непродуктивни идеи во творечкиот ангажман. Човек против нечовечноста во себе. Човек со пијано како метафора против смртта, вели Бојан ТРИФУНОВСКИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top