| четврток, 6 декември 2018 |

Вујо Мајсторе со нов напад: Судиите мирисаат на алкохол!

Ракометниот стратег Веселин Вујовиќ во последното за шпанското радио „Марка“ распали по судиите иако е свесен дека може да добие нова казна.

„Штом ќе го кренам гласот, ме казнуваат. Повеќе ги сакаат тие што молчат. Кога има некое натпреварување судиите секогаш се во најдобрите хотели, се возат со најдобрите автомобили, бираат што ќе јадат во хотелите, а тимовите се жалат на лоша храна, превоз… и не е чудно што нашиот спорт не напредува со сегашните луѓе на власт. И знам дека ќе ме казнат кога ќе ги слушнат моите изјави, но ако. Горд сум и бестрашен човек“, вели Вујовиќ.

„Понекогаш кога ќе направат грешка а јас ќе скокнам на нив, чувствувам како мирисаат на алкохол. Сакав и порано да го запишам ова во записникот како моја забелешка, но претседателот и делегатот ми порачуваа тоа да не го правам. Зошто? Бидејќи ќе го казнат клубот, а не судиите. Еднаш ќе те украдат, па следен пат те смируваат, па третиот пат судењето ќе биде скандалозно во моја корист… Денешните судии живеат од ракомет, а го гледаат само интересот на власта“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top