
Никола Спасов од агенцијата „Рејтинг“ и Министерот без ресор во владата на СДСМ Едмонд Адеми биле дел од мрежата на „Кембриџ Аналитика“, која во САД и Велика Британија се сомничи за злоупотреба на приватни лични податоци на корисниците на фејсбук во политички цели – покажува истражувањето кое е објавено на платформата „Медиум“ од страна на истражувачката новинарка Венди Сигелман.
Според мрежата, двајцата македонски државјани биле ангажирани од компанијата „Макијавели Стратеџис“, која била дел од мрежата на „Кембриџ Аналитика“, која злоупотребувала лични податоци.

Британските власти отворија истрага и влегоа во просториите на консултантската фирма „Кембриџ Аналитика“ во Лондон, обвинета дека вршела злоупотреба на податоците на милиони корисници на Фејсбук без нивна согласност.
Оваа компанија се најде во центарот на афера откако „свиркач“ соопшти дека компанијата му платила на академик да собере податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук за да направи профил на американските гласачи пред претседателските изборите на САД во 2016.
– Штотуку се обелодени дека во 2014 година Кембриџ аналитика, раководена од Стив Бенон ги експлоатирала податоците на милиони корисници на Фејсбук, со користење на лични информации земени без дозвола, користејќи ги за да направи психографски профили, со цел да дознаат дали нивниот посебен гласач е невротичен интроверт, религиозен екстроверт, фер ум либерал или обожавател на окултизмот, пишува британски Гардијан.
Инаку, единствени соработници на на Балканот на оваа компанија обвинета дека на незаконски начин сакала да влијае на изборни процеси, се Никола Спасов од „Рејтинг“ и сегашниот Министер без ресор Едмонд Адеми.
Агенцијата на Спасов редовно прави анкети и истражувања во сите изборни кампањи во земјава, и проценува која партија и кој кандидат ќе добијат најмногу гласови.
Раководителот на Рејтинг во изјави за дел до медиумите не открива дали Кембриџ Аналитика имала работено кампањи во Македонија, но потврдува дека се работеле на два проекти во регионот. Дека тој имал соработка со „Кембриџ Алаитика“ може да се види и од сликава од неговиот фејсбук профил, каде тој е сликан со Александер Никс, кој работи во оваа агенција која сега ја гонат властите во САД и Велика Британија.

Никола Спасов од „Рејтинг“ и Александер Никс од „Кембриџ Аналитика“
Агенцијата Рејтинг имаше најголем дебакал на претседателските избори во 2014, кога прогнозираше дека Стево Пендаровски кандидатот на СДСМ, ќе има предност пред Ѓорге Иванов од ВМРО ДПМНЕ, со што агенцијата направи статистичка грешка од 400%, коментираа тогаш дел од експертите.
Тогаш, за тоа за кој од кандидатите граѓаните ќе гласаат, анализата упатува дека ќе се води тесна трка меѓу Пендаровски и Иванов уште во првиот круг од изборите. Пендаровски, според Рејтинг, имаше предност од 1,8% пред Иванов, со можност за стандардната статистичка грешка за вакви истражување од +/-2,65, што на крај испадна дека целосно ги утна резултатите.
По изборите, на 15 април 2014, од Рејтинг се огласија дека во Агенцијата биле потребни промени во методологијата, зашто последната прогноза за претседателските избори се покажала како погрешна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


